Крадец го нападнал со скалпел сопственикот на куќата од која крадел пари

t

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик против едно лице на возраст од 36 години.

На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крадец го нападнал со скалпел сопственикот на…

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка…

Нови цени на горивата од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за…

Телото за слобода на медиуми при Советот…

Телото за слобода на медиуми при Советот…

Мојсоска: ДПМНЕ бара да му веруваме на…

На собраниската седница посветена на Резолуцијата за…

Ги излажал дека ќе ги носи на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33)…