Кривична пријава за двајца полициски службеници, наставничка и пожарникар – за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 во врска со член 22 и член 45 од КЗ, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 од КЗ, во врска со член 24 од КЗ, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.. Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски. Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за двајца полициски службеници, наставничка…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
11 возачи меѓу нив и двајца малолетници…
На 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше…
Одземено возило на гостиварец кој возел без…
На 05.02.2026 во 16:45 часот на магистѕралниот…
Возач од скопско возел под дејство на…
На 04.02.2026 во 20:20 часот на автопатот…
Приведени 11 возачи, возеле без дозвола или…
На 04.02.2026 во 10:10 часот на автопатот…