Критична е состојбата со пазарот на сулфур: Руската индустрија за вештачки ѓубрива бара да се лимитира цената

t

Руските производители на ѓубрива побараа од владата привремено да ги ограничи цените на сулфурот, кои нагло се зголемија на рускиот и меѓународниот пазар поради недоволна понуда, објави руската новинска агенција Интерфакс.

– Од почетокот на 2025 година, цените на сулфурот, клучната компонента на фосфатните ѓубрива, се зголемија повеќе од 4 пати и моментално се движат во опсег од 400 до 500 долари по тон. Цената на сулфурот нагло се зголеми поради намаленото производство во Русија и Казахстан под влијание на затворањето на погоните за преработка на гас и нафта, а во тие услови понудата на светскиот пазар беше намалена – наведува Здружението.

Поради ваквата ситуација, велат од Здружението, на пазарот на сулфур преовладуваше „критична ситуација“, што носи ризик од намалено производство во секторот за вештачки ѓубрива.

-Цените на вештачките ѓубрива не можат да ги следат постојано растечките трошоци и „многу компании во секторот работат во минус или едвај го достигнуваат нивото на профитабилност – тврди здружението.

Оттаму појаснуваат дека стабилизацијата на цените на сулфурот ќе им помогне на производителите на минерални ѓубрива стабилно да работат и ќе ги поддржи инвестициите, ќе ги покрие потребите на земјоделците и индустриските потрошувачи и ќе ги исполни извозните обврски.

– Членовите на Руската асоцијација на производители на ѓубрива се подготвени да применат механизми за пазарно одредување на цените кога производството и обемот на извоз на сулфур кога домашниот пазар ќе биде целосно снабден – велат од Здружението.

Русија произведува повеќе од 20% од светските вештачки ѓубрива, а според податоците од Европската комисија, учествуваше со околу 22% во увозот на ЕУ, минатата година.

Во јули минатата година, Брисел воведе дополнителни давачки за увоз на руски вештачки ѓубрива и најави дека во следните три години ќе ги зголема на ниво што де факто ќе ја блокира трговијата.

Руските производители најавија пресврт кон пазарите на БРИКС, истакнувајќи дека оваа група земји денес сочинува речиси половина од вкупната потрошувачка на минерални ѓубрива.

Војната на Блискиот Исток, пак, го доведе во прашање извозот на уреа и сулфурна киселина и предизвика скок на нивната цена.

Според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), низ теснецот пред војната поминувале повеќе од 30% од светските залихи на уреа и околу 20% од азотните ѓубрива и фосфатите.

Европа набавува голем дел од ѓубривата на база на фосфор во Мароко, чие производство зависи од увозот на сулфур од земјите од Персискиот Залив.

Мароканската група OCP, најголемиот извозник на фосфатни ѓубрива во светот, увезува 3,7 милиони тони сулфурна суровина годишно од земјите во регионот на Персискиот Залив, според податоците од Американскиот институт за NDSU.

Регионот на Персискиот Залив произведува дури 44% од светскиот сулфур, кој се испорачува до странски клиенти по море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Критична е состојбата со пазарот на сулфур:…

Руските производители на ѓубрива побараа од владата…

Кузевска: СДСМ има нова сила – нова…

СДСМ обвинува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ осмислила специјална…

Потрошувачите и транспортерите бараат мерки веднаш –…

Да не чекаме ценовниот шок од горивата…

Белата куќа соопшти дека Кина се согласила…

Белата куќа денеска соопшти дека Кина се…