Кузеска: Мицкоски кажа збогум на Европа и ја турка државата во изолација
Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ја оттурнува Македонија од европскиот пат и ја води државата во политичка и економска изолација.
Според Кузеска, Мицкоски со своите последни изјави потврдил дека е подготвен да ја жртвува европската перспектива на државата и дека не сака Македонија да стане членка на Европската Унија.
„Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи – независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност“, рече Кузеска.
Таа оцени дека европската интеграција би значела крај на, како што наведе, „партиските тендери, милионските зделки и злоупотребата на буџетските пари“, поради што, според неа, власта бега од реформите.
Кузеска порача дека најголемата цена од, како што рече, политиките на Владата ја плаќаат граѓаните, особено младите кои продолжуваат да се иселуваат.
„Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа. Сака правда. Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава“, истакна таа.
Според СДСМ, членството во Европската Унија значи повисок животен стандард, повеќе инвестиции, пристап до европските фондови, поквалитетно образование и нови можности за младите, додека актуелната власт, како што наведуваат, ја држи државата во изолација.
Кузеска оцени и дека Владата ќе бара нови изговори за предвремени избори кога ќе се соочи со економските проблеми, додавајќи дека „народот веќе не е наивен“.
„Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи“, порача Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кузеска: Мицкоски кажа збогум на Европа и…
Портпаролката и членка на Извршниот одбор на…
Уапсени тројца скопјани, краделе во Велес
На 11.07.2026 во 12:30 часот во Велес,…
Построги правила за загадувачите од 2027: Општините…
Инвестициите во подобрување на системот за управување…
Дете повредено при пресретнување на ирански ракети…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Унгарија нема да и испраќа оружје на…
Потпретседателката на унгарската влада и министерка за…