Кузеска: Со Тошковски на чело МВР е во хаос, бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад!

t

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес конференција истакна дека со Панче Тошковски на чело на Министерството за внатрешни работи хаос се случува по македонските улици.

Како што вели, безбедноста е загрозена, а нема никаков ред и поредок.

„МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира. 

Скандалот во Дебар Маало по којзнае кој пат го потврди нефункционирањето на МВР ама го покажа и каубојското аздисување на бодигардите на функционерите на власт.

Двајца полициски службеници, обезбедувачи на претседателката на државата лажно тврделе дека погрешни паркираното „порше“ на Срѓан Керим е службено.

Тие барале „поршето“ на Керим да не биде кренато од пајакот, тие поттикнале неказнивост.

Да не беше реакцијата на младите и овој случај ќе беше заташкан. Но по бурните реакции МВР беше принудена да поведе дисциплински постапки.

Но, факе е дека во последниве 9 месеци, како на лента се редат скандал по скандал со телохранители на највисоките државни функционери:

Од обезбедувањето на премиерот Мицкоски, едниот оддавал државни тајни другиот нападна полицаец попречувајќи акција против дрога.

Обезбедувањето на Гаши направи инцидент на скопскиот аеродром, извади пиштол, турна и нападна полицаец.

Сега обезбедувањето на претседателката вмешана во скандалот во Дебар Маало.

Ова не се изолирани инциденти – ова е системски распад на безбедносниот апарат! Полицајци кои треба да не чуваат – работат за интересите на криминалци, моќници и тајкуни.

На чело на сите нив е Панче Тошковски – како министер кој го дозволи овој распад во МВР.

Сите овие инциденти отвораат сериозни прашања за целосна нефункционалност за безбедносниот апарат, за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.

Нема ред и поредок, нема одговорност.

Вака не може! Одговорност мора да има и таа мора да започне со најодговорниот а тоа е министерот Панче Тошковски“, вели Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кузеска: Со Тошковски на чело МВР е…

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на…

Шест натпревари без публика – Шкендија ја…

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе…

(ВИДЕО) Роберт Божинов, повреден во дискотеката „Пулс“:…

Роберт Божинов, еден од повредените во страшниот…

Се откажува попладневниот протест во Кочани: Сите…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ПРОТЕСТОТ ,,ВАШ ПРОФИТ, НАШИ ЖИВОТИ" КОЈ…

Албанскиот претседател Бајрам Бегај на средба со…

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, денеска во…