Кумановци ќе протестираат за оданочувањето на приходите од странство: Не сме против плаќање данок, ама не ретроактивно

t

Неколку илјади кумановци, кои претежно работеле во базите во Ирак и Авганистан, ќе се соберат на мирен протест пред зградата на Управата за јавни приходи (УЈП), за да го изразат своето незадоволство за ретроактивното оданочување на приходите од странство од 2020 година наваму. Кај некои од нив сумите се и по неколку илјади евра, а ако не ги платат до 15 јануари, за секој ден задоцнување, им се заканува камата од 0,03 отсто.

Неколку илјади кумановци, кои претежно работеле во базите во Ирак и Авганистан, утре напладне ќе се соберат на мирен протест пред зградата на Управата за јавни приходи (УЈП), за да го изразат своето незадоволство за ретроактивното оданочување на приходите од странство од 2020 година наваму.

Дел од нив за „Слободен печат“ велат дека не се против плаќањето данок, но се револтирани бидејќи не им се признаваат никакви докази за исплатите, изводите од банките за примената плата и печатите за влез и излез од земјава. Тие се зачудени што досега никој не ги известил дека ќе треба да платат големи суми на име данок, а кои кај некои од нив се движат и по неколку илјади евра и тоа одеднаш до 15 јануари. Потоа, додаваат, за секој ден задоцнување, им се заканува камата од 0,03 отсто.

-Ние сме вратени во земјава веќе неколку години, парите кои со тешка мака и под огромен стрес ги заработивме, досега се потрошени – што за лекарски услуги, што за купување на станови и деловни простории за што имаме доказ за сите платени давачки во земјава. Од каде сега ќе најдеме толкави суми да платиме. Во ниту една институција не сакаат да ни издадат докази, пасошите во кои се гледаат печатите кога сме влегле и кога сме излегле од земјава, не ни ги прифаќаат како доказ, администрацијата се правда дека документите се чуваат само пет години и регистрите не постојат – објаснува една жителка на Куманово, која вели дека не се против плаќањето данок, но не по секоја цена и речиси насилно.

Решенија за плаќање големи суми на персонален данок на доход за приходите кои ги имале во странство во изминатите пет години, изминативе денови им пристигнаа на многу жители и на Скопје и Струмица, но од други градови во земјата, кои работеле на брод, возеле камиони или биле на печалба низ други земји, како и фриленсери кои работат од тука за странска компанија.

Од УЈП прецизираа дека има над 9.000 граѓани кои ѝ должат пари на државата по овој основ – односно подложни на оданочување се само приходите кои граѓаните ги имале додека биле во земјава (а, на сметките им пристигале пари од странство).

-Врз основа на досега анализираните податоци, околу 9.000 лица имаат остварено доход од странство кој подлежи на оданочување, а истиот не бил пријавен. До сега, околу 1.300 лица доброволно се усогласиле, пријавиле доход во износ од околу 19 милиони денари и платиле данок во износ од околу 10 милиони денари. За 307 лица, Управата службено утврдила даночна обврска во износ од 1,5 милиони денари, која е наплатена – соопштија пред неколку дена од УЈП за „Независен“.

Ова е само почеток, бидејќи, како што најавуваат од УЈП истата постапка ќе продолжи и за наредните години, односно за 2021, 2022, 2023, 2024 и до ноември 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановци ќе протестираат за оданочувањето на приходите…

Неколку илјади кумановци, кои претежно работеле во…

Зеленски: Се појавија нови идеи за крај…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал…

Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден…

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната…

(Видео) Вучиќ: Дојдeте, стрелајте, направете го тоа,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ одговори на повиците…

Одеса под најжестоки напади од почетокот на…

Руските напади врз Одеса во изминатите две…