Лажна е дојавата за бомби во „Сити Мол“
Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавата за бомба во „Сити Мол“ е лажна.
„Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City Mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби“, велат од МВР.
Во претходните денови вакви лажни дојави имаше и за трговските центри „Дајмонд“ и „Ист Гејт Мол“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажна е дојавата за бомби во „Сити…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавата…
Евакуиран „Сити мол“: Пристигнала дојава за бомба…
Евакуиран е трговскиот центар „Сити мол“, откако…
Кривична пријава за екс градоначалникот на Дојран…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…
(Фото и Видео) „Градат ѕид до ѕид,…
Еден работник загина, а тројца се повредени…
Ивица Коневски е инвеститор на зградата во…
Ексградоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски е…