Лани во Германија 1.620 новороденчиња биле од странци од Македонија

t

Вкупниот број на македонски државјани регистрирани како странци кои живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 161.120, што е за над 2.000 повеќе отколку во 2024 година кога овој број изнесувал 158.995, според податоците од Германскиот федерален завод за статистика. Од 2015 до 2025 година, бројот на македонски државјани регистрирани како странци во Германија се зголемил за над 65.000.

Бранот на емиграција на македонски државјани во Германија во 21 век е толку голем што довел до тренд на раѓање на македонски деца на германска почва. Поточно, статистиката покажува дека само минатата година во Германија се родени 1.620 новороденчиња од „странци од Македонија“, заклучи Блумберг Адрија врз основа на податоци од Германскиот федерален завод за статистика.

Сè поголем број деца од македонско потекло се раѓаат во странство, најчесто во Германија, што е уште еден показател за долгорочните последици од емиграцијата на работоспособното население. Податоците покажуваат дека дијаспората продолжува да расте, додека домашната демографска слика се соочува со опаѓање на стапката на наталитет и континуирана емиграција на млади семејства.

Германија останува една од најпосакуваните дестинации за македонските граѓани кои бараат подобри економски можности, повисоки приходи и посигурна иднина за своите деца. Илјадници македонски граѓани се преселија таму во последните години, а некои од нив веќе основаат семејства и имаат деца, што придонесува за зголемување на бројот на деца родени во германски породилишта од родители со македонско потекло.

Експертите предупредуваат дека овој тренд има долгорочни последици за демографскиот развој на Македонија. Покрај намалувањето на бројот на жители, земјата се соочува и со стареење на населението, недостиг на работна сила и намален број на ученици во образовниот систем. Во исто време, дијаспората станува сè поважен економски фактор преку дознаките што ги испраќа во земјата и врските што ги одржува со земјата на потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лани во Германија 1.620 новороденчиња биле од…

Вкупниот број на македонски државјани регистрирани како…

НАД 14.500 МАТУРАНТИ ДЕНЕС НА ИСПИТ: Стартува…

Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени…

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Законот за игрите на среќа помина уште…

Косовец јавно раскажува како поминал со 50…

Косовски инфлуенсер објави видео на социјалните мрежи…

Променливо облачно време со дожд и грмежи…

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…