Левица: Брутална партизација на антидискриминаторна со партиски послушници на Вреди и ДПМНЕ
Ја информираме јавноста дека на утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица ќе гласа ПРОТИВ предлогот, поради бруталната партизација на оваа институција и тоа со нестручни кадри, олицетворено преку кандидатурата на Џихан Ахмед – кадар предложен од ВРЕДИ аминуван од ДПМНЕ, се вели во соопштението на партијата Левица.
Станува збор за кандидат кој не ги исполнува законските услови за избор – нема минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, нема релевантно искуство, а на јавната расправа демонстрираше елементарно непознавање дури ни на надлежностите на самата Комисија, како и на основни меѓународни документи како Истанбулската конвенција, иако магистерските студии ги завршила во насоката за меѓународно право и односи.
И покрај ова, владејачкото мнозинство свесно турка партиски активист како член на тело кое мора да биде стручно, независно и кредибилно, бидејќи од неговите одлуки зависи статусот на најранливите категории граѓани.
Дополнително брутално исмејување во очите на јавноста е и тоа што кандидатката иако треба да приложи изјава дека не е носител на партиски функции (чија цел е осигурување на непристрасноста), таа уште официјално неизбрана, јавно му се заблагодари за поддршката на лидерот на ВРЕДИ – Изет Меџити!
Со ваквото однесување, уште пред формално да биде избрана, таа самата ја урнисува секоја илузија за независност и непристрасност, и јасно демонстрира дека не доаѓа во Комисијата како заштитник на човековите права, туку како партиски пратеник на коалициските договори меѓу ДПМНЕ и ВРЕДИ.
Ова е класичен пример за институционално заробување – орган кој треба да биде коректив на власта и заштитник на дискриминираните, се претвора во партиска испостава, пополнета со лојални, а не со компетентни кадри. Наместо експерти со докажано искуство, се инсталираат политички послушници без основно познавање на материјата, со што директно се загрозува правната сигурност и заштитата на граѓаните.
Одговорноста за оваа брутална деградација на Комисијата ја сноси ДПМНЕ, која со гласањето ја легитимира и спроведува оваа партиска поделба на независните институции, продолжувајќи ја праксата на клиентелизам, непотизам и политичка контрола врз телата кои треба да бидат автономни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Брутална партизација на антидискриминаторна со партиски…
Ја информираме јавноста дека на утрешната пленарна…
ВМРО-ДПМНЕ за часовниците на Мицкоски: Премиерот пред…
„Не е никаква тајна тоа дека претседателот…
Левица: 14,4 милиони за патни трошоци за…
Информацијата дека државата наплатила 2.274.285 денари данок…
Левица: НАЧАЛНИК ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ОСИГУРАЛ…
Соопштение на политичката партија Левица: Поранешниот началник…
Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони…
Олигархијата е солидарна кога станува збор за…