Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира
Со донесените измени на членот 353 од Кривичниот законик, власта на Мицкоски наместо да ја заостри казнената политика за злоупотреба на службената положба – таа ги намалува казните и декриминализира голем дел од корупцијата при јавни набавки, се наведува во денешното соопштение на Левица.
„Наместо да се донесе новиот Кривичен законик, на кој работеше група експерти и седум години стои во фиока, ДПМНЕ целосно ги игнорираше забелешките од експертите искажани на јавната расправа и ги донесе скандалозните измени на членот 353.
Со донесените измени од владејачкото мнозинство:
– се намалуваат минималните и максималните казни за злоупотреба на службена положба во држава која страда од неказнивост на функционери;
– за прв пат се воведува можност за условна казна со намалување на минималната казна на 4 години која претходно изнесуваше 5 години и не постоеше правна можност за условна казна;
– се намалува максималната казна за злоупотреба на службена положба на 8 години која претходно изнесуваше 20 години, што значи криминалот на функционерите ќе застарува за 16 години (наместо за 40 години како што гласеше претходното законско решение);
– се брише ставот кој предвидува одговорност за службените лица во органите на државната управа со што се амнестираат од одговорност министри, директори и други вработени во органите на државната управа.
Јасно е дека со ваквите штетни измени ќе следи уште побрзо застарување на криминалот од функционерите и службените лица и токму поради тоа го повикуваме Уставниот суд да отвори предмет за преиспитување на уставноста на измените на членот 353. Тенденцијата на корумпирана власт очигледно е да обезбеди идна амнестија за криминалните тендери доделени на фирми на роднини и пријатели на нивните функционери и повторно никој да не одговара за системскиот грабеж на парите на граѓаните, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни,…
Со донесените измени на членот 353 од…
Филипче најави тужба за Жан: Нема да…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на…
Мицкоски: Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани,…
„Презумција на невиност мора секој да почитува…
Бислимоски: Нема да дозволам да биде извалкано…
Постапките за одземање на лиценца за било…
Силјановска ги потпиша измените на Кривичниот законик…
Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, на…