Левица: Мајчинството не смее да биде причина за отказ – власта да го поддржи предлог-законот
На утрешната собраниска седница, на дневен ред е предлог-законот на Левица, преку кој се воведува заштита од отказ на бремените работнички, што во минатото претставуваше најбрутален удар врз идните мајки, пишува во соопштението на Левица.
Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени – особено оние вработени на определено време – се меѓу најнезаштитените работнички. Работодавците масовно ја користат законската дупка со тоа што едноставно не го продолжуваат договорот на определено време, оставајќи ги жените без работа токму во момент кога им е најпотребна сигурност.
Со цел да се надмине оваа неправда, пратеничката група на Левица поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој директно ја таргетира оваа системска неправда.
Постојниот Закон за работните односи, во член 101, забранува отказ за време на бременост, раѓање и родителство, но во ставот 3 јасно дозволува престанок на работниот однос ако договорот е склучен на определено време и истекол рокот. Токму оваа одредба во пракса значи дека илјадници жени остануваат без работа, без приходи и без социјална и здравствена заштита – иако формално „нема отказ”.
Со предложените измени, се воведува автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време во случај на бременост. Ова значи дека бременоста повеќе нема да биде причина жената да остане без работа по истекот на договорот. Дополнително, се предвидува јасна забрана за престанок на работниот однос на работничка на определено време доколку таа достави потврда за бременост од овластен лекар или надлежен орган.
Предлог-законот предвидува санкции за работодавачите кои нема да го почитуваат законот и нема да го трансформираат работниот однос од определено во неопределено време. Иако и досега постоеа казни (член 265), во пракса тие ретко се применуваа, што дополнително ги охрабруваше злоупотребите.
Овој предлог-закон на Левица претставува обид конечно да се стави крај на практиката мајчинството да се казнува со отказ. Во држава со ниска стапка на наталитет, економска несигурност и масовна миграција, заштитата на бремените жени не смее да биде декларативна, туку реална и применлива. Бремените жени не бараат привилегии. Тие бараат сигурност, достоинство и право на работа. Овој предлог-закон е чекор кон исправување на долгогодишна неправда и јасна порака дека бременоста не смее да биде причина за дискриминација, туку основ за засилена заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Мајчинството не смее да биде причина…
На утрешната собраниска седница, на дневен ред…
Левица: Дивоградбата во центарот на Струга расте под…
Иако во центарот на Струга една година…
Левица: Министерот – глумец контра правата на…
Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…
Левица: Минимална плата за голо преживување, Македонија…
Минималната плата во Македонија денес е најјасниот…
Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја…
По реакциите и објавите на Левица, веќе…