Левица: Наместо данок за немажени и неженети, предлагаме пакет закони за подобар живот на младите
ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ПАКЕТ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА МЛАДИТЕ И МЛАДИТЕ БРАЧНИ ПАРОВИ
Денес во Собранието, пратеникот од #Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, на прес-конференција најави дека пратеничката група на Левица поднесува законски пакет за млади кој се состои од предлози на младите граѓани кои во изминатиот период Левица ги анкетираше. Овие мерки всушност беа одговор на тоа како државата може да ги стимулира младите да останат и формираат семејство овдека.
Пратеникот Амар Мециновиќ, за почеток ги најави следниве шест мерки:
Воведување горна граница на кириите (моментално има само долна граница);
Државна поддршка за купување на прв дом за млади, односно државна гаранција за 95% од станбените кредити (наместо сегашното барање за 15% учество за станбен кредит, тој да се намали на најмногу 5% и државата да ја гарантира отплатата на тие кредити за младите);
Простување на дел од станбените кредити при добивање второ, трето дете итн.
Ваучер од 6.000 денари за неформална родителска грижа;
Намалување на работното време на 6 часа за млади родители до шесттата година на детето;
Бесплатен јавен превоз за родители со деца до 6 години.
Државата нема да ги стимулира младите да формираат семејство со дополнителна репресија и сулуди мерки како најавениот данок за немажени/неженети. Единствен стимул е решавање на горливите проблеми и обезбедување на достоинствени услови за живот.
Овој иницијален пакет мерки треба да прати сигнал дека државата се грижи за младите, а преку нив и за својата иднина. , стои во објавата на Фјесбук профилот на Левица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ: Додека Газа умира од глад –…
Според интегрираната класификација на безбедноста со храната…
Со финансов директор политиколог ЕСМ стана најголем…
Лошите кадровски политики на власта очигледно вродија…
Законот за средните верски училишта е противуставен…
На вчерашната собраниска седница, пратеникот и потпретседател…
Мециновиќ: Се движиме кон хуманитарна и социјална…
На денешната собраниска седница за ребалансот на…
Левица ќе иницира разрешување на Димитровска
Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Борислав…