Левица: Ограничувањето од 500 мерти не е доволно – Македонија има најлиберализиран пазар за коцнање во Европа

t

Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и “шминкерски” чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија.

Во продолжение нивното соопштение:

– Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 милијарди евра. Овие бројки се доказ дека коцкарската индустрија прерасна во еден НАЈПРОФИТАБИЛНИТЕ бизниси во државата, додека илјадници семејства секојдневно се соочуваат со долгови, сиромаштија и зависност.

За разлика од Македонија, Словенија има значително ПОРЕСТРИКТИВЕН МОДЕЛ, каде државата строго го ограничува бројот на концесии, односно операторите мора да исполнат високи финансиски и регулаторни услови за добивање концесија за овој бизнис. Дополнително, Словенија својот модел го насочува претежно кон туристичкиот сектор, при што голем дел од казината се позиционирани во туристички и погранични региони и се ориентирани кон странски гости. Наместо казина и обложувалници во секоја населба, словенечкиот модел се темели на ОГРАНИЧЕН БРОЈ строго контролирани туристички комплекси.

Токму кон ваков модел треба да се стреми и Македонија – модел во кој државата нема да биде зависна од приходите од коцкање, туку ќе ги ШТИТИ граѓаните од социјалните последици што оваа индустрија ги предизвикува.

Левица смета дека е неопходна целосна промена на политиката кон игрите на среќа – наместо паушални измени кои ги најавува владата, која не ги ни ограничи казината да бидат на три километри оддалеченост од училиштата, како што апелираше граѓанскиот сектор. Токму поради ова, Левица ќе поднесе НОВ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН кој значително ќе го ограничи бизнисот со казината, по примерот на словенскиот модел каде казината се ограничени само во туристички центри и погранични региони.

Македонија НЕ СМЕЕ да биде држава во која казината и обложувалниците се побројни од културните и спортските центри за младите. – соопштија од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Ограничувањето од 500 мерти не е…

Левица укажува дека ограничувањето на казината на…

(Видео) Прв сериски убиец со дело фемицид…

ОЈО Куманово спроведе предистрага и истрага од…

Левица: Регионалните патишта се распаѓаат под товарот…

Регионалните и селските патишта низ Македонија сѐ…

Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за…

Левица преку соопштение соопшти дека до партијата…

Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК

Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…