Левица со предлог-закон во Собрание за целосно здравствено осигурување за хонорарци и невработени
Во Собранието утре ќе се најде предлог-законот на Левица за целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, лица ангажирани со договор на дело, како и за невработени граѓани и нивните семејства.
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, преку објава на социјалните мрежи, повика на широка поддршка од сите парламентарни партии, нагласувајќи дека уставната определба на Македонија како социјална држава подразбира еднаква здравствена заштита за сите граѓани.
„Утре во Собранието ќе се најде предлогот на Левица за целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, луѓе на договор на дело, невработени луѓе со брачни партнери со примања, деца во тие семејства и тн.
Македонија е социјална држава по својот Устав – општествениот договор подразбира заштита од државата за СИТЕ нејзини граѓани.
Апел до пратениците од сите партии за поддршка на овој предлог!“ напиша Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица со предлог-закон во Собрание за целосно…
Во Собранието утре ќе се најде предлог-законот…
Почина спортскиот новинар и коментатор Сами Адеми
Македонската спортска јавност остана без едно од…
Монах повреден на Халкидик при скок од…
Монах, кој не се чувствувал добро и…
Ме соблекуваа гол пред келија за претрес,…
Јане Ченто во „Претрес со Ландов“, вели…
Трамп: САД ќе го добијат иранскиот збогатен…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…