Левица: Спрегата помеѓу власта и олигархијата ги остави работниците од „Артекс“ на улица и без никаква заштита
Спрегата помеѓу власта и олигархијата ги остави работниците од „Артекс“ на улица и без никаква заштита, реагираат од политичката партија Левица.
– Позади владините приказни за раст на БДП, економски развој и финансиска стабилност стои експлоатацијата на работниците кои не добиваат плати. Луѓето кои чесно ја заработиле својата плата остануваат без основни средства за живот, додека работодавачите избегнуваат одговорност со маневри заради крони-капиталистичките закони. „Артекс“ е алармантен пример за системска неправда и понижување на трудот во Македонија.
Налудничавите експлоататори на работниците од кочанската конфекција им дале ʼспогодбеноʼ да потпишат отказ. Покрај тоа што неколку месеци не им исплатиле плата и додатоци на плата, на овој начин им го ускратуваат и правото за надомест од Бирото за вработување. Ова само укажува на уиграна шема на работодавачите и власта, со која се изземаат од одговорност и едните и другите, оставајќи ги работниците без никаква заштита.
Потсетуваме, пратениците од Левица претходно неколкукратно имаат поднесено измени во Законот за работни односи, со кои се исклучува злоупотребата на Договорите за вработување на определено време кои системски се злоупотребуваат оставајќи ги работниците на улица без никаква заштита, но и исклучување на можноста работодавачите да присилуваат на ваков тип на откази кои ги оставаат работниците на улица.
Бараме итна и безусловна исплата на сите заостанати плати и законски обврски кон работниците. Ниту еден работник не смее да биде принуден да потпише спогодбено раскинување под притисок или уцена, особено кога не му се исплатени заработените средства. Ова претставува директно кршење на работничките права и мора да биде санкционирано, затоа што овој случај не е изолиран и во спротивно би значело продолжување на експлоататорската пракса.
„Третата економија во Европа” е должна итно и неодложно да реагира и да ги заштити работниците. Бараме итна интервенција од Државниот инспекторат за труд и УЈП кои мора веднаш да постапат на терен и да обезбеди заштита на работниците. Отсуство на казни (финансиски, но и кривични) за причинетите злоупотреби би било само доказ за спрегата помеѓу буржоазијата и власта, чија жртва се секогаш работниците. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Спрегата помеѓу власта и олигархијата ги…
Спрегата помеѓу власта и олигархијата ги остави…
Левица: Дали инкубаторите на ГАК престанале да…
До Левица стигна дојава дека во петокот…
Левица: Владата ја загрозува куповната моќ, се…
Владата ја загрозува куповната моќ, се движиме…
Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната анкетна комисија…
ВМРО-ДПМНЕ ја блокира специјалната анкетна комисија за…
Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред…
ДПМНЕ без збор одобри одбележување на јубилеј…