Легендарно: Нашинец во Швајцарија крадел за да го фатат и да оди во затвор, така планирал да престане да пие
Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај во кој млад македонски државјанин бил осуден на пет години затвор за серија грабежи и други дела, јавија тамошните медиуми. Нашинецот понудил несекојдневно објаснување за грабежите – сакал да го уапсат и да оди во затвор, за таму да се ослободи од зависноста од алкохол.
Според судските списи, обвинетиот пред речиси две години извршил повеќе грабежи во продавници од синџирот „Фолг“, како и во златарници во околината на Бремгартен и Аргау, а од криминалот ќарил илјадници франци. На товар му се ставаат и разни други дела, меѓу кои и насилство и закани кон државни службеници.
Обвинетиот ги признал сите дела, а обвинителството за возврат побарало максималната казна да не биде повисока од пет години затвор. За време на судењето тој изјавил дека во периодот кога ги извршувал делата бил тежок алкохоличар и дека свесно сакал да заврши во затвор, сметајќи дека тоа е единствениот начин да се одвикне од зависноста.
Судијата посочил дека вакво образложение ретко се слуша во судската пракса, особено затоа што обвинетиот бил запознаен со можноста за лекување во специјализирани рехабилитациски центри, но сепак одлучил да не побара таква помош. Тој пред судот изјавил дека затворот бил неговата единствена цел во тој период од животот.
Покрај затворската казна, нашинецот треба да плати и над 80.000 евра, а откако ќе ја одлежи казната, тој трајно ќе биде протеран од Швајцарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Легендарно: Нашинец во Швајцарија крадел за да…
Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече…
Швајцарија ќе исплати по 56.000 долари за…
Швајцарските власти најавија финансиска поддршка за повредените…
Воз со 80 патници излета од шините…
Воз утрово излета од шините во областа…
Швајцарија ќе гласа за ограничување на бројот…
Швајцарија ова лето ќе гласа за предлогот…
(Видео) Трамп воведе повисоки царини кон Швајцарија…
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју со…