Лекарите советуваат: Со “усул” јадење и пиење за празниците
Воспаление на жолчка и панкреас кои бараат брза медицинска интервенција се дел од последиците по здравјето ако се претера со јадење на велигденски јајца и мрсна храна. Празничната трпеза може да биде вистинско искушение, но обилни оброци се шок за организмот особено кај оние кои седум недели постеле, предупредуваат лекарите.
-Генерално, тоа што ние го бараме и апелот кон сите потенцијални пациенти е усул. Пациентите кои што постеле 40 дена не може да ја имаат таа удобност да изедат повеќе од едно до две јајца, реално. Истата работа ви и за јајцата и за алкохолот. Умерено, една до две чашки – поентата е да наздравиме за празникот, не е поентата да се натрескаме, вели д-р Кирил Наумовски, специјалист на Клиника за Токсикологија, пренесе Сител.
Инфективна клиника, Гастро и Токсикологија се установите каде може да завршите по прејадување и препивање за празниците. Лекарите велат дека одредени состојби мора да бидат сватени сериозно и веднаш да се побара помош. Одговорни треба да бидат и пациенттие со хронични заболувања.
-Најчесто, пациентите кои имаат хронични заболувања се пациенти кои примаат редовно терапија, секој ден бидејќи мора да се одржува дозата на лекот во крвта за да има ефект. Поентата кај такви пациенти најчесто е да се избегнуваат прејадување и препивање кои може акутно да ја влошат хроничната состојба, вели д-р Наумовски, пренесе Сител.
Јадење пополека, контрола на порциите и пиење на вода се само дел од советите за избегнување на негативните полседици по здравствената состојба од прејадување за празниците.
Прилогот на Сител погледнете го во продолжение
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекарите советуваат: Со “усул” јадење и пиење…
Воспаление на жолчка и панкреас кои бараат…
САД ги демантираат тврдењата на Иран дека…
Висок ирански извор претходно изјави дека САД…
Комитетот за мир на Трамп остана без…
Десет дена пред нападите на САД и…
Исчезна американски генерал со нуклеарни тајни
Исчезнувањето на пензионираниот генерал на американските воздухопловни…
СДСМ: Владата ги остави граѓаните без мерки…
Владата предводена од Христијан Мицкоски не презеде…