Ленче Ристоска поднесе оставка: „Не гледам простор за работа, ниту како би делувала согласно моите принципи“

t

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителката функција и тоа само неколку дена откако Советот на јавни обвинители не и даде поддршка за нејзината претставка за напад врз нејзиниот интегритет. Веднаш потоа новиот јавен обвинител Ненад Савески и ги одзеде надлежностите за двата случаи Талир кои се во завршна фаза, а се однесуваат на имотот и финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Во своето обраќање на социјалните мрежи Ристоска наведе дека поради овие случаи во годините наназад постојано трпела притисоци, но дека не може да се согласи во однос на последните одлуки.

„Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои таргетираат висока корупција и криминал. Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е обвинителство кое работи надвор од политички влијанија, ги штити своите професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција. Бидејќи не гледам простор за работа, ниту во перспектива како би можела да делувам во согласност со моите принципи, поднесов оставка од функцијата јавен обвинител“, вели Ленче Ристоска.

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески по доаѓањето на функцијата им ги повлече овластувањата на обвинителите. На брифингот со новинарите, запрашан дали со одземање на овластувањата директно сака да ги одземе Талир 1 и Талир 2 од Ленче Ристоска за која имаше реакции и од ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека неговата одлука не е персонална, туку за да воведе ред. Савески денеска рече дека жали за одлуката на Ристоска за која лично бил известен од неа преку СМС порака.

„Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонесе кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врска со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска“, вели Ненад Савески.

Ристоска беше дел од Специјалното јавно обвинителство, по што премина во Основното јавно обвинителство Скопје, но остана да ги води двата случаи Талир. Таа поднесе и кандидатура за државен јавен обвинител, но Мицкоски рече дека ја отфрла нејзината кандидатура уште пред да биде разгледана на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ленче Ристоска поднесе оставка: „Не гледам простор…

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителката функција…

Медиуми: Водител на поткаст и претседател на…

Секторот за компјутерски криминал при БЈБ и…

Во еден ден прегазени тројца пешаци –…

МВР информира дека вчера околу 12:00 часот…

Израелскиот министер за одбрана вели дека ќе…

Министерот за одбрана на Израел повторно му…

Три лица се повредени при судир меѓу…

- На 01.04.2026 во 18:30 часот во…