Објавено на:

Лимани: Нашиот фокус е да создадеме услови во кои младите ќе ја гледаат својата иднина дома

t

Од препознавање на предизвиците, кон креирање конкретни, одржливи и заеднички решенија. Нашата цел е да ја пренасочиме дебатата – од демографска загриженост кон демографска отпорност. Тоа значи политики засновани на докази, но и на вредности – политики што ги ставаат луѓето во центарот и создаваат поинклузивни и поотпорни општества-порача денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани пред почетокот на дводневната регионална министeрска конференција „Предводење на промените: Патеки на демографска отпорност согласно потребите на луѓето“. На министерската конференција ќе дебатираат и решенија ќе предлагаат околу 200 меѓународни експерти и високи владини функционери од Југоисточна Европа. Конференцијата е во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со УНФПА и под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

– Предизвиците со кои се соочуваме бараат координиран, одлучен и долгорочен пристап. Токму затоа како Министерство, во соработка со сите релавантни институции, ја изработуваме Нацрт-стратегијата за демографски развој и отпорност, која е јавно достапна и отворена за предлози. Нашата цел е јасна – да изградиме силен и применлив документ што ќе донесе реални и мерливи резултати. Нашиот фокус е да создадеме услови во кои младите ќе ја гледаат својата иднина дома – со стабилни работни места, квалитетни јавни услуги и сигурна перспектива. Истовремено, работиме на политики што ќе ги поттикнат и оние што заминале да се вратат и да инвестираат во својата татковина – рече Лимани.

Тој истакна дека како Министество и Влада имаат постојано отворени повици, во текот на целата година, за одобрување средства за изградба на градинки и домови за стари лица. Најави дека ќе се финансира изградба на 19 нови градинки низ општините во земјата. Министерот Лимани ги повика општините да аплицираат на повиците доколку имаат потреба.

Пио Смит, помошник генерален секретар и заменик извршен директор на програма при УНФПА порача дека во Скопје ќе се искова една нова општествена визија, а демографските промени, како што рече, се мега тренд, кој што го дефинира нашиот век, што доаѓа заедно со климатската криза и технолошките нарушувања, „па поради тоа ние треба да изградиме некаква безбедност“.

– Но, овде не се работи само за статистика, туку се работи за социо-економскиот пејзаж на нашата иднина, ако не успееме да ги испланираме овие трендови и ризиците што доаѓаат со нив ќе се случи системски колапс – училиштата ќе останат без наставниците, а старите ќе останат без грижа и без работна сила. Сакам да изразам пофалба до нашите партнери – Министерството за социјална политика, демографија и млади кои што заедно со нас го организираат овој дводневен настан на кој што ќе дојдат над 200 високи претставници, каде што ќе треба да разговараме како тоа да се подготвиме за иднината и за промената – рече Смит.

Тој додаде дека и секој инвестиран денар, односно долар, во информациите и податоците за демографијата, носи поврат и се гради помудра попаметна економија.

– Секој еден долар, кој што е инвестиран во податоците за населението носи поврат од 32 долари. Но и покрај ова податочните системи остануваат опасно под финансирани. Не е чудо што овде го дискутираме, во Југоисточна Европа, затоа што во овој регион се наоѓаат 11 популации кои што најбргу опаѓаат во светот. Токму затоа мора итно да реагираме. Но, ако погледнеме подалеку на Исток, во Централна Азија, работоспособното население наскоро ќе експлодира таму, од 50 милиони на 71 милиони до 2050 година. Мојата порака е јасна, мораме да престанеме да ги набљудуваме ваквите податоци како апстрактни бројки и да започнеме да ги гледаме како збир од човечки избор, здравје и аспирации – вели Смит.

Над 200 експерти високи владини функционира денеска ќе ги разгледуваат податоците од најновата студија, која што го открива јазот во фертелитетот, и како што рече Смит „каде што луѓето во овој регион посакуваат да имаат две или повеќе деца, меѓутоа имаат помалку од тоа“.

– Токму затоа мораме да реагираме и да ги надминеме ваквите бариери – подвелече Смит.

Тој истакна дека треба да се заштитиме од мерки кои што се контрапродуктивни, а одат наспроти потребите за сексуалните и репродуктивните права и за родовота еднаквост.

– Ако сакаме да постигнеме повисоко население, тогаш треба да повнимаваме на ваквите мерки – рече Смит.

Посочи дека нашата земја ќе постави еден глобален пример со донесување на новата национална Стратегија за демографија, која е златниот стандард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ