Лишена од слобода 20-годишна девојка во угостителски објект на подрачјето на Центар каде се точел алкохол на малолетници

t

На 07/08.02.2026 во Скопје во периодот од 19:00 до 03:00 часот, во централно градско подрачје, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар е спроведена акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот и за точење на алкохол на малолетници.

При тоа, во угостителски објект на подрачјето на Центар затекнати се малолетници кои консумирале алкохол.

Од слобода е лишена 20-годишна вработена во објектот поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 204 од КЗ – „точење алхолни пијалоци на малолетници“, известен е Државниот пазарен инспекторат и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишена од слобода 20-годишна девојка во угостителски…

На 07/08.02.2026 во Скопје во периодот од…

Четири лица загинаа во серија лавини на…

Четири лица загинаа, а неколку се повредени…

Клековски: Дебатата за минималната плата се води…

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено…

Се огласија од тимот на Кајмакоски: “Веста…

Утрово српските медиуми објавија вест дека македонскиот…