Лишени од слобода дилер и четворица корисници на марихуана во Радовиш и радовишко
На 17.02.2026 во 21:55 часот во село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.С.(36) од село Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата се затекнати во паркирано патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки во момент кога вршеле купопродажба на марихуана. Кога им пристапиле полициските службеници, Е.С. на подот од возилото фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои се пронајдени и одземени. Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш, каде во службен разговор М.Р. и Б.У. признале дека во момент кога биле затекнати од полициски службеници купувале марихуана од Е.С..
Истиот ден, во 19:20 часот на влез во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Ј.А.(24) и М.У.(28), двајцата од Радовиш. При преглед во такси возило во кое се превезувале, кај нив била пронајдена марихуана. Ј.А. и М.У. се задржани во полициската станица Радовиш, со нив се извршени службени разговори, при што признале дека марихуаната која е пронајдена кај нив, претходно ја купиле од Е.С. од село Бучим.
За случаите е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода дилер и четворица корисници…
На 17.02.2026 во 21:55 часот во село…
Струмичката марихуана сопственост на локални функционери на…
Неофицијално голем дел од вчерашната заплена на…
Лишено од слобода лице во Скопје, пронајдена…
Пронајдена марихуана кај скопјанец, лишен од слобода.…
Откриени над 30 килограми марихуана, предложен притвор…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…
Запленети околу четири тона марихуана во валандовско
Од страна на полициски службеници од Одделот…