Локализиран е пожарот на тешко пристапниот терен кај Валандово

t

По околу двочасовна интервенција од воздух и формирање заштитен појас на теренот, пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово е локализиран, информира градоначалникот Ѓоко Камчев, додавајќи оти очекува пониските вечерни температури да придонесат за негово целосно гаснење во утринските часови.

„Пожарот во моментот е локализиран. Со помош на механизација се направени заштитни појаси за да се спречи неговото ширење. Станува збор за многу тешко пристапен терен со нискостеблеста шума. ТППЕ Валандово веднаш интервенираше со сите расположливи капацитети, а Дирекцијата за заштита и спасување брзо ги упати авионите „ертрактор“ кон ризичното подрачје. Досега беа извршени околу седум налети, прво со два, а потоа со еден авион“, рече тој.

На терен, покрај екипите на ТППЕ Валандово, интервенираат и екипи на ЈП „Македонски шуми“, ловното друштво „Орел“, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција.

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) претходно соопшти дека попладнево е пријавен пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, додавајќи дека во гаснењето учествуваат и два „ертрактори“.

Според првичните сознанија на Општината, пожарот не е случајно предизвикан, туку постои сомнеж дека е подметнат од лице што добро го познава теренот и избира локации на кои противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

Од валандовската пожарна апелираат до граѓаните да не палат стрништа и други површини на отворено, потсетувајќи дека таквите постапки се казниви и претставуваат сериозна опасност за животот, имотот и животната средина.

Воедно, ги повикуваат граѓаните веднаш да пријават пожар на телефонските броеви 193 или 112 и потсетуваат дека и натаму е во сила владината забрана за движење во шумите, освен за лицата што поседуваат соодветна дозвола издадена од ЈП „Национални шуми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Локализиран е пожарот на тешко пристапниот терен…

По околу двочасовна интервенција од воздух и…

ЕУ ги менува правилата за летање –…

По повеќе од 13 години преговори, Европската…

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш…

Откако денес СДСМ го обвини поранешниот премиер…

Мицкоски: Ние сме за ЕУ, но и…

Премиерот Хирстијан Мицкоски денес изјави дека Владата…

Русите тврдат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11…