Лондон и Брисел стануваат се поактивни во напорите за повторно интегрирање на Велика Британија во ЕУ

t

Лондон и Брисел се погласно ја демантираат руската пропаганда која се шири на Балканот и особено во Македонија и Србија а поттикната од локалните власти за тоа дека ЕУ е на “умирање”.

И додека овој пропаганден наратив се обидува да го засили и рашири отпорот против европските интеграции Велика Британија е се поексплицитна во ставот дека е направена голема грешка со напуштањето на ЕУ бидејќи праксата покажува дека дури и една високо развиена држава како Обединетото Кралство тешко може да опстојува сама во овие големи геополитички потреси.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска ќе го искористи говорот пред шпанскиот Сенат за да повика на големо ресетирање на односите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство „По десет години, и во свет кој толку длабоко се промени, на Европа и на Обединетото Кралство им треба нов начин на работа заедно, на трговијата, царините, истражувањето, мобилноста и безбедноста и одбраната. Време е да ги истераме духовите од минатото, да го ресетираме нашето партнерство и заедно да најдеме решенија“, се вели во обраќањето на Мецола пред шпанскиот Сенат.

Оваа изјава на претседателката на ЕП за која постои согласнот во престолнините на земјите членки на ЕУ доаѓа по изјавата на британскиот премиер кој зборувајќи со новинарите за време на посетата на Кина, рече дека сака да „оди понатаму“ во усогласувањето со европскиот пазар каде што тоа е „во наш национален интерес“ изјави премиерот Кеир Стармер.

Во мај минатата година Стармер ефективно се согласи да ја врати Велика Британија во орбитата на Брисел во два сектори: земјоделство и електрична енергија. Овие договори, кои во моментов се финализираат, ќе доведат до тоа Велика Британија да ги следи релевантните регулативи на ЕУ – во замена за непречен пристап на пазарот.

„Треба да се стремиме да одиме понатаму“, им рече премиерот на новинарите.
„И мислам дека има и други области на единствениот пазар каде што треба да гледаме дали ќе можеме да постигнеме поголем напредок. Тоа ќе зависи од нашите дискусии и од тоа што мислиме дека е во наш национален интерес. Но, она што сакам да нагласам е дека можеме да одиме понатаму“ изјави британскиот премиер во Пекинг.

Борјан Јовановски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лондон и Брисел стануваат се поактивни во…

Лондон и Брисел се погласно ја демантираат…

ЕУ заклучи дека е минат “Рубикон” и…

По пет часа поминати на вечера во…

Орбан: Зеленски сè погреши, но Брисел е…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше претседателот…

Ескалираа протестите пред иранската амбасада во Лондон

Неколку полицајци се повредени, а четири лица…

(Видео) Демонстрант го замени знамето на Исламска…

Демонстрант го замени знамето на Исламската Република…