Маж со прострелна рана пронајден во пробиштипско Добрево
Вчера попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од Итната медицинска помош дека во семеен дом во село Добрево бил пронајден маж со прострелна рана.
Неговиот татко го затекнал во домот и веднаш била побарана медицинска помош, по што случајот бил пријавен и во полиција.
– По извршениот увид и разговорите со таткото и братот, било посочено дека повредата настанала истиот ден, на место викано „Чукар“, во атарот на селото Марчино, додека мажот го чистел своето ловечко оружје, информираа од МВР.
Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана понатамошна медицинска грижа.
Од местото на настанот била подигната ловечката пушка со патрони, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Се преземаат мерки за негово расчистување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж со прострелна рана пронајден во пробиштипско…
Вчера попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од…
Претреси во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и…
На 30.03.2026 во 18:30 во Гостивар, полициски…
Исчезнат скопјанец пронајден мртов во напуштен објект…
МВР информира дека вчера попладне во 16:47…
Девојче кое исчезнало во Скопје најдено во…
16-годишно девојче од Скопје кое родителите го…
43-годишна жена пронајдена почината во Скопје
На 28.03.2026 во СВР Скопје од Итна…