Македонија и формално влезе во преговори за мигрантски кампови со Велика Британија, потврдуваат британските медиуми
Нелегалните мигранти ќе се пренесуваат во Северна Македонија откако Балканската држава влезе во формални разговори со Обединетото Кралство за отворање на мигрантски хабови за одбиени мигранти во Обединетото Кралство, пренесува британскиот весник „Тајмс“
Британија ќе и плаќа на Северна Македонија за секој мигрант кој ќе го прифати согласно планот на британскиот премиер Кир Стармер кој пак се надева дека на овој начин ќе ги демотивираат мигрантите да го поминуваат каналот помеѓу Франција и Велика Британија на мали бродови. Велика Британија, како што пренесува британски „Тајмс“ додава дека се согласила да инвестира во Македонија и да понуди безбедносни гаранции во борбата со Руската закана како дел од договорот со Мицкоски.
„Северна Македонија формално влезе во преговори со Велика Британија оваа есен, според извори на Тајмс, заедно со уште неколку земји кои се во преговори со Британија за отворање на вакви повратни кампови за нелегални мигранти“, стои во текстот на британски „Тајмс“.

Мигрантите ќе бидат депортирани и ќе им се понуди опција да барат азил во Северна Македонија но нема да бидат приведувани и лишени од слобода, или на било каков друг начин да им се оневозможи нивното слободно движење со што ќе им се овозможи да ја напуштат Македонија ако сакаат. Според „Тајмс“, нелегалните мигранти од Британија ќе бидат охрабрени да побараат азил во Македонија како и ќе им бидат понудени работни визи во индустрии како градежништво со оглед на тоа што во Северна Маекдонија има недостаток на работници во градежниот сектор, пренесува „Тајмс“.
Освен Македонија, во преговори е и Косово за отворање на слични повратни мигрантски кампови за нелегални мигранти во Велика Британија.
Босна и Херцеговина го одбиле предлогот на Британија со образложение дека „прифаќањето на таков аранжман е спротивно на нашите национални интереси“, пренесува „Тајмс“.
Според изјавата на претстанвици на британскиот Хоум Офис (Влада), овој план предвидува нови иновации и не е сличен на т.н. Шема во Руанда.
„Во преговори сме со неколку земји, но нема да правиме мигрантски камп кој се потпира само на повратни кампови. Тоа е дел од поширок пакет. Не бараме сребрен куршум, бидејќи нема“ – пренесува „Тајмс“.
Стармер потврдиле дека се спроведува идејата за повратни хабови за нелегални мигранти на Западен Балкан, бидејќи нема да имаат големи правни пречки во земјите од Западен Балкан, а дополнително олеснителен факт е дека сите имаат потпишано Европска конвенција за заштита на човековите права.
Претходно годинава Северна Македонија се придружи на заедничката мигрантска единцица на Велика Британија и други Балкански земји со цел споделување на разузнавачки операции и други операции против шверцери со мигранти во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија и формално влезе во преговори за…
Нелегалните мигранти ќе се пренесуваат во Северна…
Жељазков: Инсистираме на почитување на договорените предуслови…
„Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но…
Рекордни зголемувања на водостоите во Македонија
Водостоите на речните текови во земјава денеска…
Орбан ги повика туристите да ја посетат…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека…
Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот…
Вчерашниот концерт на српскиот пејач Аца Лукас…