Македонија се соочува со раст на ХИВ/СИДА – Статистиката на ИЈЗ е алармантна

t

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави податоци за бројот на заболени и починати од ХИВ/СИДА во 2025 година, пред Светскиот ден за борба против СИДА на 1 декември. Иако бројот на нови случаи е намален за 25,5% во однос на лани, Македонија бележи поголема инциденца во однос на светскиот просек, со 2,1 заболени на 100.000 жители (светскиот просек е 5,3 на 100.000).

До 27 ноември се регистрирани 38 нови случаи, а починале 8 лица. Најголем дел од новозаболените (n=15) се од Скопје, каде инциденцата изнесува 2,5/100.000 жители, додека останатите се спорадични случаи во 14 градови низ Македонија. Еден случај е странски државјанин.

По градови, смртните случаи се распределуваат вака: двајца од Скопје, двајца од Охрид, двајца од Струмица, еден од Прилеп и еден странец. ХИВ/СИДА случаи се регистрирани и во Тетово, Прилеп, Виница, Струга, Кочани, Пробиштип, Гостивар, Велес, Делчево, Куманово, Кичево, Битола и Крива Паланка.

Од регистрираните случаи во 2025 година, 37 се машки, а еден женски пол. Просечната возраст на новозаболените е 35 години, со опсег од 23 до 64 години, при што 73,7% се на возраст од 20 до 39 години. Според веројатниот ризик за инфекција, пет лица се регистрирани со хетеросексуална трансмисија, а 29 лица се од МСМ популацијата.

Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ – од 1987 до 2025 година се регистрирани 726 случаи, но 32% од сите случаи се регистрирани во последните пет години, што покажува нагорен тренд во последниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија се соочува со раст на ХИВ/СИДА…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави податоци…

Утре ќе се знаат првичните информации за…

Првичните информации за причините за стомачните тегоби…

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените…

Институтот за јавно здравје вечерва излезе со…

ИЈЗ: Во моментов нема ниту минимално отстапување…

Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување…

ИЈЗ: Во периодот од 11 до 17…

Во периодот од 11 до 17 часот…