Македонија со највисока стапка на невработеност во Европа!

t

Популарната платформа „The Spectator Index“ позната по објавување на статистики за глобални прашања, политика, економија и социјални трендови, овој пат објави статистика за стапка на невработеноста во Европа.

Според статистиката на „The Spectator Index“, нашата држава се најде на првото место по невработеност во Европа. Македонија има највисока стапка на невработеност со 11.5 проценти.

На второто и третото место се најдоа Босна и Херцеговина со 11.2% и Шпанија со 10.45%.

Потоа следуваат Финска, Грција, Литванија, Србија, Шведска, Албнаија, Австрија, Естонија, Латвија, Белгија, Германија, Латвија, Луксембург, Португалија, Романија, Полска, Бугарија, Велика Британија, Ирска, Чешка, Унгарија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Исланд, Кипар, Холандија, Молдавија, Швајцарија и Данска.

На последно место според статистиката е Лихтенштајн со 1,6 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија со највисока стапка на невработеност во…

Популарната платформа „The Spectator Index“ позната по…

Захарова ја повикува Европа „да се вразуми“

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни…

Скопје утрово е трет најзагаден град во…

Скопје и утрово е трет најзагаден град…

Фон дер Лајен: Замрзнатите руски средства нудат…

Не постои позначајна акција за европската одбрана…

Скопје утрово втор најзагаден град во Европа

Сараево утрово се најде на самиот врв…