Македонката Galanthus subalpinus од Кораб – новооткриен, а веќе загрозен цвет од листата

t

На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во 2025 година заедно со речиси 200 нови растенија како нови за науката минатата година.

Тоа е добрата вест, а лошата е што научниците предупредуваат дека многумина од нив веќе се „загрозени од истребување“.

Убавицата од Македонија веќе е прогласена за критично загрозена поради заканите од собирање за хортикултурна трговија.

Овој прекрасен цвет може да изгледа слично на кокичињата што ги гледаме расфрлани низ планините на крајот од зимата, но се чини дека не се совпаѓа со ниту еден познат вид, како што првпат забележал ентузијастот за кокичиња Иан МекЕнери.

Македонката Galanthus subalpinus влезе на листата 10 најдобри видови опишани во 2025 година на Кралската ботаничка градина Кју (RBG) во Лондон. Листата има за цел да истакне колку од природниот свет сè уште останува неименуван.

„Опишувањето на нови растителни и габни видови е од суштинско значење во време кога влијанијата од губењето на биолошката разновидност и климатските промени се забрзуваат пред нашите очи“, вели д-р Мартин Чик, виш истражувачки лидер во тимот за Африка на RGB Кју. „Тешко е да се заштити она што не го знаеме, не го разбираме и за кое немаме научно име“.

Д-р Чик додава дека каде и да погледне неговиот тим, човечките активности „ја еродираат природата до точка на истребување“. Тој тврди дека ако не инвестираме во таксономијата (т.е. класифицирање на видовите), ризикуваме да ги уништиме самите системи што „го одржуваат нашиот живот на Земјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонката Galanthus subalpinus од Кораб – новооткриен,…

На повисоките падини на Кораб во Северна…

Момчето кое возејќи кола без дозвола усмрти…

Се бараат со потерница, а на случајот…

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот…

Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок…

Од утре температури до -14 степени, доаѓа…

УХМР информира дека следува период на стабилно…

„Сандеј телеграф“: ЕУ разгледува санкции против САД…

Европската Унија работи на можни санкции против…