Македонскиот пасош е 41 место од 199 земји

t

На најновата листа на најмоќни пасоши во светот, македонскиот пасош се најде на 41. место меѓу 199 земји, според листата на Хенли.

Пасошот на Македонија е оценет врз основа на тоа што со него може без виза да се патува во 127 држави ширум светот. Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на една држава.

На врвот на листата и оваа година се наоѓа Сингапур, чии граѓани можат без виза да патуваат во 192 земји.

Второто место го делат Јапонија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати, со пристап до 188 земји без виза. Шведска е на третото место со 187 земји.

Четвртата позиција ја делат Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шпанија, чии граѓани можат да патуваат во 186 земји без виза.

На петтото место се Австрија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија со пристап до 185 земји без виза.

Во регионот, Словенија е на седмото место со 183 земји, Хрватска е на осмото место со 182 земји, додека Црна Гора е на 41. место со пристап до 127 држави без виза. Босна и Херцеговина е исто така на 41. место, но со 122 безвизно достапни земји. Србија е на 34 место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот пасош е 41 место од 199…

На најновата листа на најмоќни пасоши во…

Објавена најновата ранг-листа на пасошите: Грција на…

Најновото издание на Henley Passport Index, за…

И Русите ќе ги прават Бугари: Бугарија…

Некои од водечките руски банкари добија бугарски…

ВМРО-ДПМНЕ: Европол открива aтeнтат врз Вучиќ, од…

Нов скандал го тресе МВР на Спасовски.…