Македонските одбојкари изгубија од Израел во Европската лига со 3:0
Машката македонска одбојкарска репрезентација вечерва го претрпе третиот пораз сезонава во Европската лига. На третиот турнир во Приштина, македонските одбојкари загубија од Израел со 3:0 во сетови (25:19; 25:19 и 25:14).
Македонскиот национален тим натпреварите ги завршува со 3 победи (Косово, Исланд, Луксембург) и 3 порази (Израел, Грција и Холандија) и се наоѓа на 16.место од 24.репрезентации.
Со утрешните натпревари ќе биде комплетирано шестото коло, македонскиот тим е слободен.
На врвот на табелата се Данска со скор 6-0 (победи/порази), пред Холандија и Израел, кои имаат 5-0.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските одбојкари изгубија од Израел во Европската…
Машката македонска одбојкарска репрезентација вечерва го претрпе…
Џ.Д. Венс до Израел: „Ние сме единствените…
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го предупреди Израел…
Бен Гвир: Договорот на Трамп не нè…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…
Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската…
Негативната серија на македонската женска одбојкарска репрезентација…