Макрадули: Денешната Влада, како да пишува римејк на “Печалбари” од Антон Панов, потврдувајќи ја тезата: “сѐ за тие пусти пари

t

Препукувањата на тема мигранти не стивнува. Овој пат со коментар се огласи и Јани Макрадули, кој ја обвини владата за големи задолжувања, не изостанувајќи го да го спомене скандалот со мигрантите кој веќе неколку денови е тема за препукување меѓу партиите.

„Денешната Влада, како да пишува римејк на “Печалбари” од Антон Панов, потврдувајќи ја тезата: “сѐ за тие пусти пари”.

Во услови кога економијата пука по сите шавови, освен на прес-конференциите на власта, започната е потрага по пари. За унгарската милијарда сѐ уште нема отчет, а веќе нова еврообврзница се бара, откако домашното задолжување (под црта нели) се префрлува на три месеци во ЕСМ, решение се бара во проектот Мигрант за пари.

Не успеав да видам, која бројка од Програмата 1198 е ова, ама за 20.000 фунти може да вдомите мигрант.

Или по логиката на потенцијалниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ: телефонот е мој, родните се мои, фирмата била моја, ама парите се за белата палата, а мигрантите Ваши.

Инаку 20.000 фунти се околу 2000 прекршоци, од по 51 километар на час, па нека размисли власта, наместо да наплаќа за мигранти, нека намали брзината за казна на 25/26, па ќе има и вишок у буџетот ненаситен…“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрадули: Денешната Влада, како да пишува римејк…

Препукувањата на тема мигранти не стивнува. Овој…

Трамп го нападна „Њујорк тајмс“ поради текстот…

Иако детална статија на „Њујорк тајмс“ за…

Владата ќе купува нов авион

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Се пишмани: Нема Новогодишна кошница, таквите мерки…

Граѓаните не треба да очекуваат било каква…

Тошковски : Тврдењата дека Македонија ќе биде…

Македонија ниту размислува, ниту има какви било…