Макрон ги пречека европските лидери, меѓу кои и вицепремиерот Беким Сали
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 јули – Националниот празник на Франција.
Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската безбедност и актуелните безбедносни предизвици на европскиот континент.
Во вечерните часови, министерот Сали ќе присуствува на официјалната вечера организирана од претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Елисејската палата, со учество на шефови на држави и влади од партнерските земји.
На 14 јули, министерот Сали ќе присуствува на традиционалната воена парада во Париз по повод Националниот празник на Франција, која годинава се одржува под мотото „Стратешкото будење на Европа“, нагласувајќи ја заедничката определба за мир, безбедност и зајакната европска соработка.
„Учеството на овие активности ја потврдува блиската соработка меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и европската соработка“, соопштија од кабинетот на Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ги пречека европските лидери, меѓу кои…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…
Иран погуби двајца осудени членови на ќелија…
Утрово, Иран погуби двајца мажи осудени за…
Уапсен поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ
Новата акција на УСКОК ги таргетираше и…
Четири конференции во ист ден: Супер вторник…
Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави…
(Фото) Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена…
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување…