Макрон: Франција ќе продолжи да ја подржува Украина

t

Макрон, францускиот претседател, истакна дека Франција ќе продолжи да ја подржува Украина за да се постигне траен мир. Ова било и главната тема на телефонскиот разговор помеѓу Макрон и Зеленски.

„Франција застана и ќе продолжи да стои покрај Украина со цел да се изгради цврст и траен мир способен да ја гарантира безбедноста и суверенитетот на Украина и Европа на долг рок. Им се заблагодарувам на сите преговарачи – украински, европски и американски – кои работат кон оваа цел“, напиша Макрон на платформата „X“.

Францускиот претседател рече дека штотуку разговарал со претседателот Зеленски.

„Американците, Европејците и Украинците бараат мир. Додека Русија ја продолжува својата агресивна војна, Украина останува силна“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Франција ќе продолжи да ја подржува…

Макрон, францускиот претседател, истакна дека Франција ќе…

Зеленски: Се откажуваме од членство во НАТО

Украина се откажува од својата амбиција да…

Зеленски: Во Берлин ќе се разговара за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наскоро…

Зеленски: Стапија на сила санкциите за 700…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека стапиле…

Милиони Украинци без струја по жестоките руски…

Повеќе од еден милион домаќинства во Украина…