Максо корегира: Сејф Сити е одличен проект во интерес на сите, протестите се изолирани случаи и ги осудувам

t

Актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на ЗНАМ Максим Димитриевски, во „Клик Плус“ на ТВ21 го коментираше системот „Сејф Сити“ кој почна да се имплементира и да изрекува казни од 1. февруари.

„Од Куманово до Скопје возевме како што треба да возиме сите. Малку побавно се стигнува сега, но од друга страна се намалува ризикот од несреќи, и тој проект е во интерес на сите. Безбедноста и сигурноста на граѓаните треба да биде на прво место“, рече Димитриевски.

Димитриевски додаде дека во Куманово немало протести кои се актуелни во Македонија.

„Во Куманово немаше проблеми, ниту имаше протести. Ние имаме технички проблеми со дотраената инфраструктура и дотраена светлосна сигнализација. Во тек е постапка за реконструкција за голем број на раскрсници и изградба на нова светлосна сигнализација. Поради дивеењето на сообраќајот е уништена таа сигнализација, се бутаат семафори, ормари каде што е сместане автоматиката. Опремата чини скапо за општини кои немаат такви средства, но како и да е ќе ја адаптираме инфраструкрата. Во секој случај, ова е добар проект, затоа што се работи за безбедноста“, изјави Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово ги нарече протестите изолирани случаи, и истите ги осуди.

„Ова со протестите се изолирани случаи, истите ги осудувам. Никој нема право да се заканува кон никого, и државата мора неселективно да постапува кон сите. А, горд сум што добив поддршка од ромската заедница затоа што се составен дел од нас, и треба да ги менуваме навиките заедно. Затоа што вие ако со години сте му дозволиле да управува возило без документација или без возачка дозвола, мора да најдете начин да го вклучите во системот“, додаде Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максо корегира: Сејф Сити е одличен проект…

Актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на…

(Видео) По заканите за „убиства и тепачки“,…

Лицето кое за време на протестите се…

Со пари од Будимпешта ќе се гради…

Компанија посредно оснoвана од унгарскиот МОЛ сака…

Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во…

Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет…

Трамп му даде целосна поддршка на Орбан…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, јавно го поддржа…