Малолетник во БиХ ја силувал сестра си – мајка им ја фрли бремената девојка од балкон
Полицијата во БиХ, по наредба на надлежното обвинителство во областа Велика Кладуша, уапси две лица – малолетник и возрасен, под сомнение за сторени тешки кривични дела.
Малолетникот е осомничен за силување, а возрасната жена е осомничена за убиство и обид за убиство, пишува „Аваз“.
Како што неофицијално дознава порталот, мајката и синот се уапсени.
Според информации од извори блиски до истрагата, малолетникот е обвинет за силување на сестра си, девојче со развојни пречки кое било во поодмината фаза од бременоста.
Мајката, пак, е осомничена дека се обидела да ја убие својата бремена ќерка фрлајќи ја од балконот.
Девојчето го преживеало падот, но нејзиното неродено дете починало.
Поради ова, мајката е обвинета за обид за убиство на нејзината ќерка и убиство на нероденото дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник во БиХ ја силувал сестра си…
Полицијата во БиХ, по наредба на надлежното…
Силувана 18-годишна бремена девојка во Шуто Оризари
МВР информира дека рано утринава околу 00:15…
Хорор во Гостивар: Брат си ја силувал…
На 19.04.2026 во 04:10 часот во СВР…
Телма: Велешаните кои силуваа девојче се креатори…
Апелацискиот суд ги зголеми казните за група…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетник силувал друг малолетник
МВР информира дека рано утринава во 02:35…