Малолетник од Скопје возел без возачка и предизвикал сообраќајка

t

На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А(21) од Скопје.

Во незгодата  со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека по извршениот увид, поради сомнение дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот и сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, по наредба на јавен обвинител, од слобода е лишен малолетникот. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник од Скопје возел без возачка и…

На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР…

Истражна постапка за Нигериецот кој со оружје…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Се судриле товарно возило и возило на…

Денеска (21.12.2025) во 10:05 часот во СВР…

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка…

Две лица, државјани на Македонија, го загубија…

Пет лица повредени во сообраќајка кај Петровец

На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната…