Објавено на:

Малолетник од Тетово бегал од полицијата со џип, па удрил во полициско „јети“

t

Тетовската полиција вчера уапси малолетник од тетовско Порој кој возел во спротивна насока, па избегал од полицијата. Бегал низ улиците, а на паркинг удрил во полициско „јети“ со својот џип. 

– Претходно, во периодот од 03:00 до 04:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока. Возачот не застанал на даден знак за запирање, туку со голема брзина го свртел возилото и продолжил да бега низ повеќе тетовски улици, информираат од МВР. 

Притоа, на паркинг простор на ул.„Илинденска“ со службено возило „шкода јети“ му бил попречен патот, по што свртел и удрил во службеното возило.

– По извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, појаснуваат за инцидентот од ДВР Тетово. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник од Тетово бегал од полицијата со…

Тетовската полиција вчера уапси малолетник од тетовско…

Викендов ќе се прска против комарци во…

Викендов на територијата на Скопје ќе се…

Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…

Викендот носи топло време по неколкудневната нестабилност

Времето утре во попладневните часови ќе има…

Кинескиот вселенски авион испушти мистериозен објект во…

Кинескиот вселенски авион Shenlong се чини дека…