Малтретираното девојче во Ѓорче не било единствена жртва на групата насилнички во училиштето

t

Во врска со случајот на врсничко насилство во Ѓорче Петров каде околу десетина девојчиња од основно училиште тепале, малтретирале и понижувале нивна соочуеничка порталот 24инфо.мк во разговор со роднини на деца кои учат во истото училиште дознаваат дека 12-годишното девојче малтреирано во паркот не било единствената жртва на оваа насилничка група, но истата била најмногу малтретирана.

Девојчето кое на 30 март било злоставувано во паркот во Ѓорче Петров и неколку денови претходно било тепано, кубено и фрлано на земја и сето тоа било снимано со мобилни телефони а видеата циркулирале меѓу учениците. Порталот пренесе дека добил дел од таквите видеа, но поради сензитивноста, одлучиле истите јавно да не ги објават.

Дополнително, вработени во училиштето кои сакале да останат анонимни за 24инфо.мк посведочиле дека групата претходно малтретирала и други девојчиња во училиштето.

-Групата од насилнички цел месец по злоставувањето и натаму оди во училиште и се однесува безобразно и силеџиски без грам срам или каење, изјавиле вработени во училиштето за порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…

Лишен од слобода насилник од охридско, во…

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…

Го натепале затоа што им рекол дека…

МВР го потврди настанот со претепаното лице…

Агресивен зет со тврд и остар предмет…

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…