Мапа на движење на зајачката риба: Еве каде најчесто се појавувал опасниот натрапник во Грција
Интерактивна мапа што ја објави Грчката мрежа за инвазивни водни видови открива каде низ годините била забележана отровната „риба-зајак“, вид што летово повторно предизвикува загриженост во Грција.
Мапата ги опфаќа периодот од 2005 до 2021 година и ги прикажува сите познати случаи кога рибата била уловена, фотографирана или идентификувана од рибари, научници и граѓани.
Иако не содржи податоци за 2026 година, таа покажува каде постои најголема веројатност опасниот вид повторно да се појави.
Од Родос и Крит до речиси цела Грција
Првите регистрирани појави биле околу Родос и Крит, во југоисточниот дел на Грција. Подоцна, точките на мапата почнале да се множат низ Егејското Море, а потоа и во голем дел од Јонското Море.
Податоците покажуваат јасен тренд на ширење на видот кон запад и кон север, што го прави присутен во сè поголем број туристички региони.
Означените локации не знаат дека рибата во моментот е таму
Грчките медиуми деновиве повторно ја споделуваат мапата токму затоа што таа нуди најдобар увид каде рибата се појавувала во минатото.
Локациите означени на неа не значат дека рибата моментално е присутна таму, но покажуваат области каде ризикот од нови појавувања е значително поголем.
Отровната зајачака риба во Медитеранот е регистрирана по миграцијата од Црвеното Море преку Суецкиот Канал. Денес таа се смета за еден од најагресивните инвазивни морски видови во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мапа на движење на зајачката риба: Еве…
Интерактивна мапа што ја објави Грчката мрежа…
Лекот Фостер од 1 август ќе биде…
Лекот Фостер од први август ќе биде…
Претседателот на Парламентот на Словенија предлага референдум…
Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, предложи…
Не сака да го носи презимето Нетанјаху:…
Јаир Нетанјаху, син на израелскиот премиер Бенјамин…
Песков: Путин е подготвен за разговор со…
„Господинот Трамп очигледно беше многу зафатен по сите контакти…