Марковиќ: Законот за високо образование е рецепт за „brain drain“ – младите ќе си ги спакуваат куферите
Предлог-законот за високо образование предизвика бурни реакции во академската заедница. Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во вечерашната емисија Вин-Вин истакнува дека, иако намерите се за модернизирано и квалитетено високо образование, постои реална опасност од негативни последици за младите академици.
„Ние ќе останеме без подмладок во некои дисциплини. Зошто некој млад човек, кога ќе види дека критериумите за унапредување во доцент, вонреден или редовен професор траат неколку години, не би побарал кариера во некој престижен европски факултет со пониски критериуми и подобри услови?“ објаснува Марковиќ.
Тој додава дека за некои дисциплини, како општествените науки и дел од хуманистичките, барањата за објавување трудови во Web of Science се нереални: „Ако тоа е реално во математика, географија или хемија, во политички науки и право апсолутно нереално. Законот е измислен да поттикнува brain drain.“
Марковиќ потенцира дека ваквите услови само ќе ги оддалечат младите од државата кои првично би си го поставиле прашањето – „Што би поттикнало млад човек да остане тука и да се бави со наука?“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марковиќ: Законот за високо образование е рецепт…
Предлог-законот за високо образование предизвика бурни реакции…
Макрон: Не верувам во меѓународен поредок што…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска за време…
Зеленски: Украина нема да се откаже од…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека завршувањето…
Трипуновски: Нема намалување на средствата за директни…
Нема кратење во Програмата за директни плаќања.…
„Рамазанска трпеза“ во Тетово – стотици ифтари…
о 14-ти пат, во Тетово се одржува…