„Марш на ангелите“ во сабота: Чекориме за да потсетиме дека правдата не смее да доцни!

t

Здружението на граѓани „16-ти Март“ упати отворен повик до јавноста за учество во „Маршот на ангелите“, кој ќе се одржи оваа сабота (21 февруари) со почеток во 15:05 часот, објави 4news.mk

Овој настан е замислен како достоинствен и тивок собир посветен на сеќавањето на прерано изгубените млади животи, но и како гласен апел за итна и вистинска правда. Организаторите нагласуваат дека целта на маршот е да се побара одговорност за секоја неправда и да се потсетат институциите дека правдата не смее да доцни.

„Овој марш е глас на семејствата, пријателите и целата заедница која не се помирува со молкот и нерешените прашања. Чекориме за да потсетиме дека изгубените животи нè обврзуваат на упорност“, стои во повикот од Здружението.

Граѓаните се поканети да се приклучат во голем број и преку своето присуство да дадат поддршка на семејствата кои трагаат по вистината. Пораката на собирот е јасна: достоинствено, тивко, но одлучно до конечна правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Марш на ангелите“ во сабота: Чекориме за…

Здружението на граѓани „16-ти Март“ упати отворен…

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите…

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше…

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Извршена е исплата во износ од 338.468.141…

Започна инаугуративниот состанок на Одборот за мир

Во Вашингтон започна инаугуративниот состанок на Одборот за…

Кралот Чарлс по апсењето на брат му:…

По апсењето на Ендру Маунтбатен-Виндзор, се огласи…