Масовна акција за чистење на главниот град: ЈП Комунална хигиена-Скопје неделава подигна вкупно 60 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини

t

Од почетокот на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 20 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од обемна дива депонија лоцирана на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, во скопската општина Бутел.

Отстранети се и вкупно 40 кубни метри отпад од повеќе мини-депонии лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров, на улицата Владимир Полежиновски зад Универзалната сала, како и на улицата Самоилова, во близина на Амбасадата на САД.

Воедно, во текот на вчерашниот ден, Претпријатието спроведе миење и дезинфекција на садовите за одлагање на отпадот заедно со нивните микролокации, на штотуку реконструираната улица Даме Груев во скопската општина Центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…