Објавено на:

Масовна тепачка во Шуто Оризари, двајца тешко повредени, 11 лица се приведени

t

Двајца скопјани завршиле со тешки телесни повреди по масовна физичка пресметка што синоќа била пријавена во Шуто Оризари.

Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен на 3 јуни во 23:04 часот во СВР Скопје. Во пресметката учествувале повеќе лица, а повредените Е.Ј. на (35) и М.Ј. (37) биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Во врска со настанот, полициски службеници лишиле од слобода 11 лица, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Целото соопштение на МВР

На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), С.С.(29), Ф.М.(46), Ф.С.(20), Д.Ј.(21), Е.Ј.(32), Ј.Ј.(27) и Н.Ј.(54), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовна тепачка во Шуто Оризари, двајца тешко…

Двајца скопјани завршиле со тешки телесни повреди…

Гостин во хотел на Бит Пазар пронајден…

На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР…

Тетовец (47) пронајден починат во стан –…

Починат маж е пронајден во стан во…

Се степале јатрви од гостиварско

Жена (34) од гостиварско село е уапсена…