Матичните гинеколози бараат јасно дефинирање на здравствените услуги
Матичните гинеколози со јавна реакција до министерството и фондот за здравство – бараат промени и јасно дефинирање на услугите во примарната гинеколошка здравствена заштита…..
Денеска од пред министерството за здравство порачаа дека мора да се ревидираат договорите со Фондот и да се утврди точно кои услуги се бесплатни за пациентките, а кои не се.
Реакцијата следува по контролите кои ги изврши Фондот, а во кои беше утврдено дека дел од матичните гинеколози им наплатувале на пациентки за услуги кои се покриени од државата. Гинеколозите велат – проблемот не е во злоупотреби туку во системски хаос.
Од министерството за здравство велат дека ќе ги проследат барањата.
„Потенцираме дека упатствата за медицина базирана на докази континуирано се ревидираат и обновуваат, следејќи ги современите текови во медицината, така што и во конкретниот случај стручните служби ќе ги разгледаат сите аспекти, согласно барањето на Здружението на матични гинеколози и акушери на Македонија“.
Гинеколозите порачаа дека очекуваат институционален дијалог, но ако нема брза реакција не ја исклучуваат и можноста за протест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Матичните гинеколози бараат јасно дефинирање на здравствените…
Матичните гинеколози со јавна реакција до министерството…
„Се движи огромната армада кон Иран: Ќе…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
ЗНМ: Основниот кривичен суд Гостивар донесе проблематична…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Македонија е рангирана на 114-то место по…
Македонија е рангирана на 114 – место…
Новинарката Лиридона Вејсели осудена за злоупотреба на…
Основниот суд во Гостивар ја осуди новинарката…