Матичните лекари ќе може да им препишуваат антиникотински фластери и гуми за џвакање на сите кои сакаат да се откажат од пушење

t

Со законските измени ќе им се дадат повеќе овластувања на институциите да постапуваат и да се намали употребата на тутун и тутунски производи, особено кај младата поулациаја, изјави министерот за здравство, Азир Алиу. На прашањето на „Локално“, зошто и по постоечкиот закон не интервенираат надлежните институции за да се забрани продажба на тутун и тутунски производи кај малолетниците и децата, министерот одговори:

Тој додаде дека денес заедно со Институт за јавно здравје во чии центри ќе има советувалишта за одвикнување од пушење, како и со Светската здравствена организација, чија анализа за состојбата е многу важна.

Покрај едукативната кампања која е веќе почната во училиштата за штетноста од пушењето, Алиу објасни дека на локално ниво ќе воведат советувалишта за одвикнување од пушењето.

-Ќе го зајакнеме системот на упатување, а матичните лекари ќе може да им препишуваат антиникотински фластери и гуми за џвакање на сите кои сакаат да се откажат од пушење. Тие сега се на позитивна листа, изјави Алиу.

Европскиот регион има широко распространета употреба на тутун кај адолесцентите при што застапеноста е речиси изедначена во однос на полот. Приближно 11,6%  од лицата на возраст од 13 до 15 години користат тутун или околу четри милиони лица. Според податоците од Министерство за здравство, 13,5 % од учениците во основните и средните училишта во Македонија користат цигари и други тутунски производи.

-Цело време ни е идејата да креираме само правна рамка, туку да има инфраструктура да се помогне на наслението . Со сите центри кои ги имаме и кои ќе бидат отворени, и задено со други институции во државата, ќе направиме напори тие центри да бидат оспособени инфраструктурно и да имаат во реално време пристап за да добиваат различна помош за да може да се откажат од пушење, рече Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема повеќе пушење ни на тераса –…

Министерството за здравство подготвува нова стратегија за…

Статистика на СЗО: Пушењето убива по 11…

Светската здравствена организација (СЗО) алармира дека Македонија…