МВР лиши од слобода 16 возачи – возеле без возачка или со забрана за управување на моторно возило
На 07.02.2026 во 23:45 часот на улицата „Бранко Богдански Гуцман” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.О. (19) од Куманово. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.О., при што констатирале дека го управувал возилото без возачка дозвола.
На 08.02.2026 во 00:20 часот на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.И.(27) од с. Требош. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „порше“ со тетовски регистарски ознаки и било констатирано дека Р.И. го управувал возилото без возачка дозвола.
На 08.02.2026 во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље-Струга, од слобода е лишен А.З.(20) од струшкото село Франгово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „поло“ со струшки регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит.
На 06.02.2026 во 20:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.К.(32) од Скопје. При контрола во сообраќајот на крстосница од ул.„Даме Груев“ со ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.К. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит.
На 07.02.2026 во 02:55 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, од слобода е лишен Ф.В.(21) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит.
На 07.02.2026 во 22:00 часот, на улица „Ристо Попов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода Х.Д.(21) од Чашка. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола..
На 07.02.2026 во 16:10 часот, во село Сојаклари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.И.(27) од Велес. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.И., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит, а сообраќајната дозвола на возилото била со измината важност.
На 07.02.2026 во 22:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.С.(22) од с.Тркање, кочанско. При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
На 07.02.2026 во 14:10 чaсот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Н.Т.(36) од с.Тработивиште, делчевско. При контрола во сообраќајот на бул.„Македонија“, полициски службеници запреле патничко возило „југо“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.Т. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
На 07.02.2026 во 21:57 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.А.(39) од с.Горни Балван, општина Карбинци. При контрола во сообраќајот на регионален пат село Радање – село Карбинци, полициски службеници запреле патничко возило „даеву ланос “ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.А. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По добиени насоки од јавен обвинител, возилaта се одземени, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 07.02.2026 во 12:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.М.(26) од с.Стајковци, скопско. По извршени гранични проверки, било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски национални ознаки иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“.
На 08.02.2026 во 02:10 часот на ул. „Пецо Божиновски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.С.(21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.С., при што било констатирано дека возилото го управувал иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија”.
На 08.02.2026 во 00:15 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.М .(25) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, при што констатирале дека Т.М. го управувал возилото иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“.
На 08.02.2026 во 01:30 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од Мобилнатa единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода М.С.(28) од Велес. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.С., при што било констатирано дека го управувал возилото иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“.
На 07.02.2026 во 22:15 часот, на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Ј.(25) од Неготино. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
На 08.02.2026 во 01:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.И.(23) од с.Карбинци, општина Карбинци. При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода, а возилата одземени и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР лиши од слобода 16 возачи –…
На 07.02.2026 во 23:45 часот на улицата…
МВР: Во тек е опсежна акција, запленети…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
Седум возачи возеле без возачка дозвола –…
На 07.02.2026 во 02:10 часот на бул.…
Лишен од слобода менаџер од Бит Пазар…
На 06.02.2026 во 17:20 часот во Скопје,…
Кривична пријава за двајца полициски службеници, наставничка…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…