МВР најавува засилени контроли за брзо возење
Македонската сообраќајна полиција, како дел од Европската мрежа на сообраќајни полиции (ROADPOL), се приклучува кон оваа акција со засилени контроли насочени кон возачите кои ја надминуваат дозволената брзина. Акциска контрола на брзината на патиштата ќе се спроведува во периодот од 13 до 19 април, информира Министерството за внатрешни работи.
Во рамки на активностите, на 15 април од 00:00 часот до 16 април до 00:00 часот ќе се реализира 24-часовен „Маратон на брзина“, при што на територијата на целата држава ќе се вршат континуирани контроли на брзината на движење.
Од МВР посочуваат дека пребрзото возење останува една од главните причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици, поради што е неопходно постојано делување. Со проектот „Безбеден град“ и редовните сообраќајни контроли се работи на подигање на свеста за опасностите од брзото возење, поттикнување на долгорочни промени во однесувањето на возачите и намалување на бројот на несреќи.
Дел од локациите каде што ќе се вршат контролите ќе бидат однапред познати на јавноста со цел да се засили превентивниот ефект. Надлежните нагласуваат дека примарната цел не е казнување, туку обезбедување сообраќај во кој се почитуваат ограничувањата и се штитат човечките животи.
ROADPOL „Speed Marathon“ претставува координирана акција на европските сообраќајни полиции што истовремено се спроведува на патиштата низ Европа.
Апелот до возачите е да ја намалат брзината и да ги почитуваат сообраќајните правила, со што директно придонесуваат за поголема безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР најавува засилени контроли за брзо возење
Македонската сообраќајна полиција, како дел од Европската…
Охриѓанец пијан удрил пешак и избегал, па…
Лишен од слобода возач од охридско, удрил…
МВР го потврди обидот за опожарување на…
Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди…
Мајката на Стојанче си го пријавувала синот…
Обвинителството изведува материјални докази против обвинетиот Стојанче…
Уапсен 22 годишен скопјанец, разнесувал производи без…
Во 01:10 по полноќ, на улицата „Јадранска…