Медведев предлага царини за извозот кон ЕУ
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предложи воведување царини на рускиот извоз кон Европската Унија, вклучително и на ѓубрива, како одговор на иницијативата за оданочување на рускиот увоз со цел финансирање на обновата на Украина.
Според него, Москва треба да „возврати со иста мера“, нагласувајќи дека ваквите потези би довеле до раст на цените на храната во Европа, но и до дополнителни приходи за Русија.
Во меѓувреме, Европската Унија го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочен кон енергетскиот, финансискиот, трговскиот и одбранбениот сектор, како и кон спречување на заобиколување на веќе воведените мерки.
Најавено е и подготвување на нов, 21-ви пакет санкции, што укажува на продолжување на притисокот врз Москва и поддршката за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев предлага царини за извозот кон ЕУ
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј…
Грчкиот парламент одзеде имунитет на 13 пратеници…
Грчкиот парламент им го одзеде имунитетот на…
Црна Гора го трча последниот круг од…
Црна Гора има историска можност да го…
Рама: ЕУ мора да разговара со сите,…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Европската…
ЕУ наскоро би можела да воведе санкции…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро,…