Објавено на:

Меланија Трамп: Тоа што мојот сопруг преживеа два атентати е чудо!

t

Поранешната прва дама и сопруга на републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД, Меланија Трамп го даде своето прво интервју по повеќе од две години.

Таа се осврна на атентатите врз нејзиниот сопруг и откри како го запознала сопругот и споделила искуства од времето кога работела во модната индустрија. Во исто време, таа ги обвини демократите и медиумите за подгревање на токсичната атмосфера против нејзиниот сопруг.

„Фактот што мојот сопруг преживеа два атентати го гледам како чудо. Ги повикувам медиумите и демократите да престанат да го нарекуваат закана за демократијата. Ова мора да престане. Мислам дека нешто го штитеше. Речиси како на земјата навистина да и треба“, изјави таа за Фокс њуз.

Таа, исто така, беше прашана што мисли за рацијата на ФБИ во август 2022 година на имотот Мар-а-Лаго, спроведена како дел од истрагата за прикривање на доверливи документи на Белата куќа.

„Бев лут. Начинот на кој беше направено, бев навистина изненадена“, рече таа, нарекувајќи го упадот „нарушување на приватноста“.

Агентите на ФБИ ја пребарале нејзината гардероба, ја прочешлале канцеларијата на нејзиниот сопруг, па дури и наводно ги пребарале плакарите на нивниот син Барон.

„Видов непријатни работи кои никој не сака да ги види. Некои луѓе, не знам колку беа, ги разгледаа моите работи“, рече Меланија.

Гледала и во модната индустрија, со оглед на тоа дека била модел, па така го запознала и својот сопруг.

„Модната индустрија е гламурозна, но во исто време е и многу тешка. Сите те осудуваат, па може да биде зол свет. Ништо не ме подготви за овој свет повеќе од модата. Те прави тежок“.

Поранешната манекенка, по потекло од Словенија, го запознала Трамп во 1998 година, а се венчале во 2005. Следната година се родил нивниот син Барон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБЈАВЕНИ И ДОНАТОРСКИТЕ БРОЕВИ: Донирајте! Малиот Никодим…

-Се викам Сандра мајка на Никодим кој…

Насилство во некогаш најбезбедната земја на светот-…

Во однос на ниската стапка на насилен…

Меланија Трамп: Тоа што мојот сопруг преживеа…

Поранешната прва дама и сопруга на републиканскиот…

ОН: Вознемирени сме од израелскиот напад на…

Обединетите нации соопштија дека се вознемирени од…

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ХЕЗБОЛАХ ОСТАНА ЖИВ? „Опасна…

Извор близок до милитантната група Хезболах рече…