Мециновиќ: Градот одби да биде уценет – Скопје се разбуди по првиот круг
Со оваа завршна прес-конференција заокружуваме една важна етапа од нашата заедничка борба. Во изминатите два месеци покажавме дека Скопје има храброст и сила да избере поинаку. Со 30.000 гласови влеговме во вториот круг и докажавме дека надежта постои, дека можеме да го изградиме градот по мерка на граѓаните, а не по мерка на партиите. Ви благодариме од срце за довербата, поддршката и за секој збор охрабрување што нè донесе до овде!
Оваа борба одамна не е само за функција, ова е борба за демократијата, за достоинството и за иднината на нашето Скопје. Не смееме да дозволиме уцени, страв и манипулации да го диктираат нашиот живот. Градот веќе покажа дека не може да биде уценет. Оваа недела, ја потврдуваме таа храброст.
На 2 ноември, излегуваме сите – левица, десница, млади, стари, сите што го сакаат Скопје. Ова не е партиска, туку градска и човечка победа. Победа на сите нас што веруваме во фер власт, отворена кон народот и насочена кон човекот.
Време е да го вратиме градот во свои раце. Време е за ново Скопје!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ: Градот одби да биде уценет –…
Со оваа завршна прес-конференција заокружуваме една важна…
Димовска: Кривичниот суд, но и целиот судски…
Кривичниот суд, но и целиот судски систем…
Лукашенко го предупредува Западот: Ако дојдете кај…
Белорусија нема да се вклучи во војна,…
Обиена фирма Бит Пазар, украден сеф со…
Во полицијата било пријавено дека во текот…
Дојави за бомби пред големиот протест, запреа…
Возови се запрени во разни делови во…